Дома Фудбал Италија Гасперини сега влегол во расправија со Иличиќ: Не се жали, земи направи нешто!

Гасперини сега влегол во расправија со Иличиќ: Не се жали, земи направи нешто!

Aталанта во Бергамо во првиот натпревар од осминафиналето беше поразена од Реал Мадрид со 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот на Џан Пјеро Гасперини од 18. минута играше со играч помалку, а тренерот на италијанскиот тим тешко го прифаќаше она што се случуваше на теренот.

Се обиде да направи Гасперини нешто со измените. Јосип Иличиќ шанса за игра доби во 56. минута, но Гасперини го замени откако половина час на теренот.

Иличиќ не беше задоволен и тоа го покажа со заминувањето во соблекувалната по измената, но Гасперини бил разочаран од она што тој го прикажал на теренот.

„Престани да се жалиш и земи направи нешто“, викал Гасперини по Иличиќ во текот на измената.

Гасперини неодамна имаше конфликт со Папу Гомез. Тоа резултираше со продажба на аргентинскиот фудбалер во Севиља, останува да видиме дали може да дојде до слична ситуација и со Иличиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бил пастир и бездомник, а потоа стана рекордер и херој на најкомплицираната приказна на СП (Видео)

Иранскиот репрезентативен голман Алиреза Беjранванд повторно ја привлече вниманието на све…