Дома Фудбал Италија Галијани незадоволен: Како ние да конкурираме на Нотингем, погледнете колку пари потрошија…

Галијани незадоволен: Како ние да конкурираме на Нотингем, погледнете колку пари потрошија…

Поранешниот спортски директор на Милан Адриано Галијани денес ја извршува таа функција во Монца која сезонава ќе се натпреварува во Серија А.

Сега тој зборуваше за парите кои ги добиваат италијански и англиските клубови и предложи Суперлига, но без Англичани.

„Суперлигата би можела да биде решение, но без Англичаните. И во фудбалот треба да има „Брегзит“. Клубовите од Премиер лигата добиваат четири пати повеќе од клубовите во Серија А. Монца има 33 милиони евра од ТВ правата. Клубовите кои ќе влезат во Премиер лигата добиваат 160 милиони евра! Како може ние да му конкурираме на Нотигем Форест? Погледнете колку пари потрошија“…

Сезонава Нотингем доведе 12 нови играчи и вкупно потроши околу 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Претседателот на Интер лут на тренерот Инзаги

Притисокот врз тренерот на Интер, Симоне Инзаги се повеќе се зголемува после серијата на л…