Дома Топ вести Галатасарај тргнува по Јаховиќ!?

Галатасарај тргнува по Јаховиќ!?

0
jahovic

Интересна вест денес пренесуваат турските медиуми, поврзана за македонскиот фудбалер од редовите на Гозтепе, Адис Јаховиќ.

После ЦСКА Москва која во изминатиот период покажа голем интерес за Јаховиќ сега во трката наводно се вклучува и турскиот гигант, Галатасарај, пренесува турски „Фанатик“.

Според информациите на овој извор клубовите постигнале договор и трансферот би можел да биде реализиран веќе во јануари. Сепак, од Гозтепе се обидуваат да издејствуваат договор во кој би го задржале Јаховиќ до крајот на сезоната.

Иначе, Јаховиќ оваа сезона постигна 11 погодоци и е најдобар стрелец во турскиот шампионат заедно со Баефетеми Гомис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Топ вести

Проверете

Распродажба во Барса, овие петмина мораат да заминат – Погледнете ги бројките и СЕ ќе ви стане јасно!

Проценките се јасно изнесени, клубот вака едноставно не може да функционира… Барсело…