Фудбалерот на Арсенал и италијански репрезентативец, Жоржињо сака да го напушти лондонскиот клуб, пренесуваат бритнаските медиуми.
Жоржињо е член на Арсенал од 2023 година, а оваа сезона не одигра ниту еден меч за лондонскиот клуб, па поради тоа и сака промена на средината. Пред Арсенал Жоржињо го носеше дресот на Челзи, Наполи и Верона.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Медиумите во Британија пренесуваат дека Жоржињо бара начин да го промени клубот, а најголем интерес покажала Галатасарај.
Неговиот договор со Арсенал е со важност до 30. јуни наредната година. За репрезентацијата одигра 57 натпревари и постигна пет гола.