Се шпекулираше дека Галатасарај во финишот од преодниот рок може да се засили со македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, но тоа не се случи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Преодниот рок во Турција изминатата вечер заврши, а Галатасарај во последните моменти го доведе репрезентативецот на Унгарија, Роланд Шалај од Фрајбург.
Вредноста на овој фудбалер според „Трансфермаркт“ изнесува 15 милиони евра, но Галатасарај го доведе за шест милиони евра и тоа на четири рати. Причината беше што неговиот договор истекуваше наредното лето, па за германскиот клуб ова беше последна шанса да заработи нешто.
Кога е Елмас во прашање се пишуваше дека тој може да дојде на позајмица со опција за откуп за 12 милиони евра, сепак на крајот нашиот репрезентативец остана во Лајпциг.