Англија синоќа на Вембли ја елиминира Данска со победата од 2:1 во полуфиналето на ЕП. Англичаните до победата дојдоа со голот на Хари Кејн во 104. минута. Пеналот на Кејн прво го одбрани Шмајхел, но англискиот напаѓач одбиената топка ја смести во мрежата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Одлуката на судијата за пеналот е дискутабилна.Многумина се согласуваат дека Рахим Стерлинг го исценирал пеналот кој Англичаните ги однесе во финале.
Газета дело Спорт пишува дека пеналот за Англичаните бил враќање на услуга на британскиот премиер Борис Џонсон. Тука недвосмислено се тврди дека УЕФА му вратила услуга на премиерот поради запирањето на контроверзната Суперлига.
Џонсон беше еден од најголемите критичари на Суперлигата и најави дека ќе направи се проектот да не биде реализиран.