Дома Фудбал Останато Вчера ги претставија новите дресови, а денес побараа раскинување на договорот со произведувачот

Вчера ги претставија новите дресови, а денес побараа раскинување на договорот со произведувачот

Неверојатна работа направи бразилскиот гигант Крузеиро.

Овој клуб вчера го претстави новиот дрес кој им го изработи „Адидас“, а веќе денес побараа раскинување на соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Причината е незадоволство со условите за соработка. Сметаа дека според сегашните услови заработува само „Адидас“.

„Тоа не оди така. Мораме да најдеме начин да ја раскинеме соработката“, изјави Виторио Медиоли, првиот човек на клубот.

Крузеиро неодамна за прв пат испадна од лигата, а Медиоли најави дека клубот нема да доведува нови играчи и дека новата сезона, прва во Серија Б ќе ја започнат со ростерот кој го имаат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…