Дома Останати Ракомет Вујовиќ: Македонија може нема да има сериозен резултат, но ќе биде тежок противник

Вујовиќ: Македонија може нема да има сериозен резултат, но ќе биде тежок противник

Еден од најпознатите ракометни тренери Веселин Вујовиќ во разговор со „Спортски журнал“ зборуваше за учесниците на Светското првенство (СП).

Вујовиќ зборуваше за шансите на Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, а притоа кажа дека избраниците на Кире Лазаров играат модерен ракомет, но неискуството ќе им биде голем противник.

„Македонија направи смена на генерациите. Можеби нема да постигне посериозен резултат, но ќе биде тежок противник.

Македонците играат модерен ракомет, но на децата на Лазаров им треба време за да пораснат“, кажа Вујовиќ.

Македонија игра во група со Норвешка, Холандија и Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Металопластика повторно на врвот во Аркус лигата

Металопластика од Шабац продолжува со одлични настапи во Аркус лигата, задржувајќи го макс…