Веселин Вујовиќ денес и официјално беше промовиран за нов тренер на Вардар!
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За Вујовиќ ова е враќање во Вардар после пауза од осум години. Првпат Вујо го водеше Вардар од 2011 до 2013 година.
„Се случија неколу работи од моето заминување, но некои работи не се сменија. Вардар стана европски шампион, стана бренд и ракометарите сакаат да дојдат во Вардар. Сметам дека Вардар е предизвик за мене и со комбиниран тим да се обидеме да ги реализираме целите. Ова е враќање во мојата втора татковина,Вардар ми е во срцето“.
„Мојата љубов кон Вардар никогаш не згаснала, ниту во периодот кога не бев дел од него. Свесни сме дека тимот не е квалитетен како минатите години, но верувам дека со комбинација од интернационалци и домашни играчи ќе направиме добар резултат сезонава“, истакна Вујовиќ.
Фото: РК Вардар