Дома Фудбал Англија Во Њукасл не добиле ништо: Тонали и покрај суспензијата ќе биде во тимот за викендов

Во Њукасл не добиле ништо: Тонали и покрај суспензијата ќе биде во тимот за викендов

Сандро Тонали доби суспензија од 10 месеци, но и покрај тоа тој е во составот на Њукасл за натпреварот кој ќе го игра неговиот тим викендов.

Њукасл треба да игра против Вулверхемптон, а тренерот Еди Хау објасни зошто Тонали е во составот.

„Ги видовме вестите и соопштенијата, но ние не добивме ништо официјално од италијанските власти. Очекувам да го имаме на располагање. Има некои работи кои треба да се направат пред суспензијата да стапи на сила“, изјави Хау.

В сабота Њукасл му гостува на Вулверхемптон и тоа неколку дена по поразот на домашен терен од Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Малиот Урош од Бања Лука со цртеж на Джека го обедини регионот

Седумгодишниот Урош од Бања Лука го нацрта својот идол Едина Џека како се крсти, што преди…