Дома Топ вести Во Јувентус се мајстори за преговори: Издејствувале неверојатни клазули во договорот на Игуаин!

Во Јувентус се мајстори за преговори: Издејствувале неверојатни клазули во договорот на Игуаин!

higuain

Aргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин скоро сигурно после само половина година ќе го напушти Милан и кариерата ќе ја продолжи во дресот на лондонски Челзи.

Игуаин минатото лето пристигна на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер од Јувентус на кого Милан му плати 18 милиони евра за позајмица имаа и опција за откуп од 36 милиони евра. Меѓутоа сето тоа падна во вода откако Игуаин изрази желба да ја промени средината.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека наскоро овој трансфер ќе биде потврден и дека се скоро е договорено. Исто така во Милан експрено пронајдоа замена за Аргентинецот и на негово место на „Сан Сиро“ ќе пристигне полскиот голгетер Криштоф Пијатек.

Челзи Милан и Јувентус направија договор во кој без соменвање најголем добитник е „старата дама“.

Имено, Челзи ќе му плати на Јувентус девет милиони евра за позајмица до крајот на сезоната, додека на лето ќе го откупи неговиот договор за 36 милиони евра. Откупот оради интересените клазули е скоро невозможно да биде избегнат.

Челзи ќе мора да го купи Игуаин ако завршат во ТОП 3 во Англија и Игуаин да постигне барем еден погодок. Откупот ќе биде активиран и ако Челзи освои некои трофеј или пак доколку Игуаин постигне 15 голови во Премиер лигата до крајот на сезоната.

https://www.youtube.com/watch?v=PT0jkfInEzc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…