Дома Останати „Во шок сум, овој светски рекорд е рамо до рамо со оние на Болт“

„Во шок сум, овој светски рекорд е рамо до рамо со оние на Болт“

Поранешниот светски шампион на 110 метри со пречки, легендарниот Колин Џексон остана без зборови откако денес норвешкото чудо Карстен Вархолм постави рекорд од 400 метри со што ја помести границата под 46 секунди во оваа делница.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Норвежанецот Вархолм го воодушеви светот откако го урна рекордот за 76 стотинки и тоа само еден месец откако после 26 години светската атлетика виде нов светски рекордер.

Вархолм трката ја истрча за неверојатни 45.94 секунди.

„Кога се светските рекорди во прашање овој на Карстен е рамо до рамо со тие на Болт и Грифит Џојнер. Ова е еден од оние нереални светски рекорди, еден од најневеројатните. Во шок сум после ова што видов“, порача Џексон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…