Дома Македонски спорт Мак баскет Во трагедијата кај Ласкарци загина и македонски кошаркар – одложен Купот на Македонија

Во трагедијата кај Ласкарци загина и македонски кошаркар – одложен Купот на Македонија

0

Македонија од вчера е потресена од трагичната несреќа во која се преврте автобус и животот го загубија 14 лица, додека уште триестина се повредени.

Помеѓу трагично згаснатите животи е и членот на вториот тим на КК Гостивар, Јовица Трпевски.

Поради големата трагедија од клубот преку соопштение ја информаираа јавноста дека нема да бидат во состојба да учествуваат на претстојниот Куп на Македонија.

Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град. Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.

„Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот КУП на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот.Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски, ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов“, стои во соопштението на КК Гостивар.

Барањето на клубот е прифатено и Купот на Македонија кој требаше да започне утре ќе биде одложен за во април.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Од Стојаково до Кина со Рено 4: Поминаа 11.000 километри и го развеаа македонското знаме на кинескиот ѕид! (ФОТО)

Maкедонците Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев направија еден навистина интересен спортски подвиг…