Дома Фудбал Во Реал Мадрид очигледно повеќе не мислат дека Роналдо е најдобар фудбалер на светот

Во Реал Мадрид очигледно повеќе не мислат дека Роналдо е најдобар фудбалер на светот

0

Во фудбалот со сигурност уште долго ќе се поставува прашањето дали подобар беше Меси или Роналдо, а ние се уште имаме среќа да уживаме гледајќи ги на теренот.

Меси и Роналдо го одбележаа фудбалот последните десетина години и освоија скоро се што можеше да се освои. Меѓутоа, сигурно ќе остане прашањето кој е подобар од нив двајца.

На оваа тема зборуваше и играчот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, кој не изненади многу со тоа што не застана на страната на својот поранешен соиграч.

Обично играчите на Реал како “од топ“ кажуваа дека немаат дилема дека Роналдо е подобар од Меси, но откако Португалецот ги напушти Кралевите тоа очигледно се промени.

„Меси и Роналдо е тешко да се споредат. Тие се најдобрите играчи во историјата, но многу се разликуваат. Меси е играч кој повеќе го претставува фудбалот, има подобра визија на теренот за додавање и сака топката секогаш да му биде во нозете. Од друга страна, Роналдо се фокусира секогаш да биде околу голот и постигнува голови. Различни се, но неверојатно добри фудбалери.“ – изјави Карвахал.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео: Елмас на дебито во Серија А ги покажа мајсториите

Елиф Елмас синоќа го имаше своето деби во Серија А и со својот Наполи оствари тешка победа…