Дома Видео Во ПСЖ повторно кавга за пенал, овој пат помеѓу Ди Марија и Мбапе

Во ПСЖ повторно кавга за пенал, овој пат помеѓу Ди Марија и Мбапе

Во дербито на 29. коло во француската Лига 1 фудбалерите на ПСЖ синоќа на свој терен го победија Марсеј со 3:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


ПСЖ ја продолжи доминацијата во домашното првенство и овој тим без поголеми проблеми славеше во дербито. Одличен натпревар одигра Ди Марија кој даде два гола, додека еден беше дело на Мбапе.

Во самиот финиш домашниот тим можеше и до поубедлива победа, но Мбапе промаши пенал во 94. минута.

Сепак, она што ги разочара многумина е фактот што Мбапе не му дозволи на Ди Марија да го шутира пеналот и да постигне хет-трик. Следуваше мала расправија, но на крајот Мбапе ја постави топката на белата точка и го промаши пеналот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…