Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос ќе го напушти клубот од Париз на крајот од сезоната, пренесуваат француските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Раководството на „светџите“ не планира да го продолжи договорот со шпанскиот фудбалери и нема да му понуди продолжување на соработката. Главната причина поради која во Париз донеле ваква одлука се големиот број повреди со кои се соочува Рамос во последниот период.
Рамос во ПСЖ пристигна во 2021 година, а претходно 16 сезони го носеше дресот на Реал Мадрид, во редовите на „кралевите“ дојде од Севиља. Француските медиуми истакнуваат дека Шпанецот не ги оправдал очекувањата на челниците на ПСЖ.
За ПСЖ Рамос настапи на 42 натпревари и постигна четири гола.
I can’t believe i’m seeing Messi celebrate a Sergio Ramos goal like this 😭😭 pic.twitter.com/QrWd9KcD1k
— Stav (@Stav10M) February 8, 2023