Дома Фудбал Англија Во продолжение на сезоната дресовите на Ливерпул нема да бидат исти во ЛШ и ПЛ

Во продолжение на сезоната дресовите на Ливерпул нема да бидат исти во ЛШ и ПЛ

Ливерпул минатиот викенд стана светски клупски првак за прв пат во својата историја победувајќи го Фламенго со 1:0.

На овој начин „Црвените“ ќе го „владeат“ светот наредните 12 месеци и ќе бидат единствениот клуб што ќе има право на дресот да го стави логото наменето за светскиот шампион.

Сепак, ова нема да биде случај кога станува збор за Премиер лигата. Причината е многу едноставна. Според правилата на натпреварањето не е дозволено да се менува или модифицира дресот со кој е започната сезоната.

Така, Ливерпул ќе мора да ја почека следната сезона за да го носи логото на нивниот дрес, освен ако не добие дополнително одобрување од Англиската фудбалска федерација.

Кога станува збор за меѓународни натпревари, „Црвените“ ќе можат да стават беџ на својот дрес без да прекршат никакви правила, па така дресовите во Лигата на шампионите на Ливерпул ќе бидат малку поразлични отколку во Премиер лигата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бонучи: Се враќаме во 2 часот наутро, Роналдо во 3 оди да нурка во ладна вода

Пред утрешниот натпревар на Јувентус во Лигата на шампионите против Лион интервју за порта…