Дома Фудбал Италија Во Наполи загрижени за Лозано

Во Наполи загрижени за Лозано

Во Наполи се загрижени за напаѓачот Ирвинг Лозано, откако мексиканскиот репрезентативец се здовби со повреда на дуелот против Панама.

„Ирвинг има повреда на глуждот. Да се надеваме дека станува збор само за траума“, изјави селекторот на Мексико.

Сега Лозано треба да помине дополнителни лекарски прегледи во Неапол, кои треба да покажат колку е сериозна повредата.

Готово сигурно Мексиканецот нема да игра на мечот со Верона овој викенд, но во Наполи стравуваат да нема оштетување на лигаментите. Во тој служај играчот ќе мора да отсуствува околу три месеци.

24-годишниот Мексиканец ова лето пристигна во Наполи како големо засилување од ПСВ и веднаш се вклопи во тимот на Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палестинец направи сензација во УФЦ каква што не се памети: Шампионот брутално го успа за 12 секунди! (Видео)

Една од најголемите сензации во историјата на УФЦ-овата тешка категорија се случи на прире…