Дома Фудбал Во Леверкузен не се задоволни со историската титула во Бундеслигата – сакаат тројна круна!

Во Леверкузен не се задоволни со историската титула во Бундеслигата – сакаат тројна круна!

Неколку часа откако Баер Леверкузен ја освои титулата во Бундеслигата за прв пат, тренерот Чаби Алонсо им кажа на илјадниците навивачи дека клубот ќе лови нови трофеи сезонава кринисувајќи ја со тројна круна.

Со неделната победа од 5:0 над Вердер Бремен „фармацевтите“ ставија крај на 11-годишното владеење на Баерн Минхен како германски шампион.

„Сакаме повеќе. Го сакаме германскиот Куп, ја сакаме Лига Европа“ се зборовите на 42-годишниот стратег.

Потсетување дека финалето на германскиот куп против второлигашот Кајзерслаутерн е закажан за 25 мај.

А следната задача на Леверкузен е да отпатува во Лондон во четврток ќе го игра реваншот против Вест хем во четвртфиналето на Лигата на Европа. На првиот меч во Германија Баер славеше со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…