Во вчерашните натпревари од Лигата на шампионите ВАР технологијата одигра голема улога.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и ПСЖ во четвртфиналето го одведе англискиот претставник додека во Лисабон беше среќна за Порто.
Тимот на Порто доби пенал во продолженијата со кој ја елиминираше Рома. Флоренци во шеснаесетникот го повлече играчот на Порто, а судијата Чакир после прегледувањето на ВАР снимката досуди најстрога казна.
Меѓутоа во Рома сметаат дека се оштетени затоа што во 120-тата минута Чакир не отиде да ја погледне ВАР снимката после која можеби ќе се одлучеше да досуди пенал за „волчицата“.
Заниоло беше повлечен од Марега во казнетиот простор, но Чакир во таа ситуација не се консултираше со технологијата. За Италијанците оваа одлука е скандалозна.
— Ha_Vinto_lui (@RegistaOcculto) March 6, 2019