Дома Фудбал Во еуфоријата од големата победа сите заборавија на повредата на Ноер – Компани се огласи!

Во еуфоријата од големата победа сите заборавија на повредата на Ноер – Компани се огласи!

Баерн Минхен на неверојатен начин ја започна сезоната во Лигата на шампионите со победа од 9:2 против Динамо Загреб.

Но, таа голема победа имаше и една „црна дамка“ на која како и да се заборави во целата еуфорија. Имено, првиот голман на гигантот од Минхен, Мануел Ноер на полувремето остана во соблекуваалната.

Ноер се повреди при еден скок по кој незгодно падна. По натпреварот Компани истакна дека според него не станувало збор за нешто сериозно.

„Го заменив затоа што имавме добра предност и немаше потреба да ризикуваме. Мислам дека не е ништо сериозно, очекувам да биде на голот во сабота против Вердер“, изјави тренерот Компани.

На теренот на Ноер му се укажуваше помош откако незгодно падна по интервенција со глава далеку од својот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…