Холандскиот стратег, Ерик Тен Хаг доби отказ на клупата на Манчестер Јунајтед, но тој е се уште тема во фудбалската јавност на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За него сега зборуваше Гери Невил кој посочи дека резултатите се одраз на лошата трасфер политика и дека во негово време се доведени двете најлоши засилувања во историјата на клубот ако се погледне платената сума и учинокот.
„Неговото наследство може да се собере само во два трофеи за исто толку години. Трансфер политиката е ужасна веќе 10 години и тој самиот беше жртва. Мислам дека е вклучен во доведувањето на двете најлоши засилувања во историјата, Антони и Касемиро“, изјави Невил.