Дома Останати Кошарка Внимание! Антиќ се враќа во Фенербахче

Внимание! Антиќ се враќа во Фенербахче

Европскиот шампион Фенербахче објави дека со нетрпение го очекува враќњето на Перо Антиќ пред дуелот со Црвена Звезда во Истанбул.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Фенербахче на својот Твитер профил објави слика на Антиќ како централна фигура на натпреварот помеѓу двата тима.

„Внимание! Антиќ, кој со голем успех го носеше дресот на Фенербахче и даде удел во историскиот успех на клубот, се враќа во Истанбул“, објави Фенербахче.

Антиќ на тоа одговори дека е многу возбуден што повторно ќе игра на „Улкер“ арената и порача: „Се гледаме во вторник“.

Македонецот за две сезони остави голема трага во Фенербахче освојувајќи две титули шампион на Турција и една европска круна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Годините се само бројка: Лејкерси на крилјата на одличниот Џејмс го растурија Хјустон (Видео)

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст Лос Анџелес Лејкерси се …