Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ-Исток: Победа и Слога Виница ја продолжуваат борбата за врвот

ВМФЛ-Исток: Победа и Слога Виница ја продолжуваат борбата за врвот

Дербито во втората лига денес се игра Западот помеѓу Воска и Вардар, но возбудувања секако има и на Истокот.

На Истокот во тесна борба за врвот се Победа и Слога Виница. Победа денес гостува кај Каменица Саса која е на трета позиција и сигурно на прилепчани нема да им биде лесна. Слога Виница од друга страна ќе биде изразит фаворит против Локомотива.

Интересен дуел се очекува и во Пехчево каде што ќе се сретнат петтопласираниот Кит-Го и Беласица која е четврта. Во останатите два дуели Кожув ќе го пречека Детонит, додека Осогово ќе гостува кај последниот тим на табелата Братство.

Сите натпревари се играат од 13:00 часот.

Фото: ФК Победа

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Секуловски нов тренер на Пелистер

Марјан Секуловски денеска беше промовиран за нов тренер на Пелистер и доаѓа на местото на …