Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт
Александар Васоски е дел од нашиот експертски тим за Македонија на Европското првенство, па еве го неговото мислење и гледање на дуелот со Австрија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Васоски изненадување била позицијата на Алаба, а посочи и дека можела да се забележи нервозата кај нашите фудбалери во почетните минути од натпреварот.
„Евидентно беше дека влеговме со неровза во натпреварот. Во првите 15-20 минути имавме неколку грешки несвојствени за нашата репрезентација во организација на игра. Кога малку воспоставивме рамноправност примивме гол, за среќа брзо изедначивме на 1:1. Потоа некаде од 65-та до 80-та минута имавме неколку контри и полуконтри во кои требаше подобро да одиграме за да постигнеме втор гол. Ова е Европско првенстов и секоја мала грешка се казнува“
„Австријците по едно наше невнимание постигнаа еден, па уште еден гол. Кога во прашање е тактичката поставеност, Австрија можеби не изненади со таа 3-5-2 формација со Алаба како последен играч во одбраната кој учестувваше во сите акции и даде сигурност. Тој беше клучен за вториот гол кога отиде на неговата повеќе својствена позиција на лево и асистираше за погодокот“.
„Можеше да се забележи дека не притискаа многу и дека не ни даваа фудбалски да ја изнесеме топката. И Адеми и Барди во организација на акциите немаа многу простор, цело време беа со играчи на грб. Во другите сегменети како што кажав имавме контри и полуконтри, тука е и шансата на Боби Николов, во тие моменти можевме подобро“.
„Како и да е глава горе, ова е Европско првенство нема многу што да се жали не чекаат уште два натпревари. Да се опоравивме психички и физички, а потоа да се спремиме и за дуелот со Украина“: