Дома Фудбал Италија Влаховиќ за споредбите: Не сум Нејмар, а ниту Азар или Меси…

Влаховиќ за споредбите: Не сум Нејмар, а ниту Азар или Меси…

Jувентус оваа сезона остана многу далеку од титулата шампион на Италија која вчера ја потврди Интер и така стигна до своето 20. Скудето. Интер на пет кола пред крајот има 17 бода повеќе од Милан на втората позиција и дури 22 повеќе од Јувентус кој е трет.

Пред денешниот реванш на Јувентус во Купот на Италија против Лацио зборуваше Душан Влаховиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“Имавме можност да се бориме за титулата, но фактот што таа борба траеше до февруари не значи ништо и не се брои. Жалиме, но сепак има за што да игра и се уште можеме да своиме трофеј“, изјави Влаховиќ и продолжи:

“Минатата сезона имав проблеми, оваа сезона се чувствував подобро. Тоа е единственото нешто што се промени, се останато е како што беше. Работев напорно и се фокусирав на опоравувањето. Дадов вкупно 17 гола оваа сезона”, рече тој анализирајќи што направил на индивидуален план.

Не крие Влаховиќ и дека ја сонува „Златната топка“, сепак е свесен дека во моментов е далеку.

„Сонувам за Златната топка, но многу работи треба да се поклопат за тоа“.

Низ кариерата Влаховиќ земал пример од фудбалери како: Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ и Фернандо Торес, дека му се восхитува и на Карим Бензема. Одговори и на споредбите со одредени фудбалери.

„Јас не сум Нејмар, Азар или Меси, фудбалери кои кога ќе ги видите велите: Леле, каков играч! Без разлика на профилот, напаѓачот е клучен за тимот ако игра добро, тимот игра добро“, објасни Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…