Дома Трансфер зона Влаховиќ заминува од Фиренца: Веќе преговара со два големи италијански клуба

Влаховиќ заминува од Фиренца: Веќе преговара со два големи италијански клуба

Душан Влаховиќ и неговиот менаџер изразија желба репрезентативецот на Србија на крајот од оваа сезона да ја напушти Фиорентина.

Како што пренесува „Калчомеркато“ тие сметаат дека е време Влаховиќ да направи исчекор во кариерата. Наводно поранешниот напаѓач на Партизан е на маета на Милан, Рома и Борусија Дортмунд.

Преговорите со агентот Дарко Ристиќ започнале и изгледа дека останува да се види само за која сума Влаховиќ ќе замине од Фиренца.
Влаховиќ има 21 година, а помеѓу „виолетовите“ дојде во 2018 година за нешто помалку од два милиони евра.

До сега за Фиорентина постигна девет голови на 22 одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Вајналдум договорил трансфер во Интер?

Фудбалерот на Ливерпул Вајналдум на лето многу веројатно ќе го напушти Ливерпул. Според пи…