Дома Фудбал Италија Влаховиќ го споредија со Роналдо, а тој им порача: Да не претеруваме…

Влаховиќ го споредија со Роналдо, а тој им порача: Да не претеруваме…

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ игра во одлична форма и со своите голови во последниот период ја одржува „старата дама“ во битката за титулата.

Беше Влаховиќ одличен и вчера против Лече, натпревар во кој ги постигна двата гола. По натпреварот српскиот напаѓач одговараше на прашањата на новинарите.

Еден од новинарите го спореди со Кристијано Роналдо бидејќи на Португалецот во клубот од Торино не му успеа да постигне по два гола на два натпревари во низа, нешто што Влаховиќ го направи.

Сепак, Влаховиќ порача да не се претерува.

„Споредби со Роналдо? Да не претеруваме…Не би можел да постигнам гол без моите соиграчи, благодарен сум им и се надевам вака ќе продолжиме“, изјави Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Дајк пред средбата со Клоп: „Многу се радувам што повторно ќе го видам“

Вирџил ван Дајк со емотивни зборови зборуваше за повторната средба со Јирген Клоп, кој сег…