Дома Трансфер зона Влаховиќ го отвара патот на Мората до Барселона

Влаховиќ го отвара патот на Мората до Барселона

Aлваро Мората на почетокот на јануари беше на мета на Барселона, но тогаш Јувентус одби да го пушти шпаснкиот напаѓач.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 29-годишен напаѓач во Јувентус е на позајмица од Атлетико Мадрид, а Барселона покажа голем интерес да го доведе. Наводно и шпанскиот напаѓач бил и тоа како „загреан“ да ја продолжи кариерата во барселона.

Ако тогаш Јувентус ја одби понудата сега не е невозможно понудата да биде прифатена од „старата дама“. Јувентус е многу блиску до доведување на Влаховиќ од Фиорентина за 67 милиони евра, а со доаѓањето на српскиот голгетер Мората ќе стане вишок.

„Мундо Депортиво“ објави дека Чави и тоа како е заинтересиран за Мората кој сега е главна мета на Барселона. Агентот на Мората се наоѓа во Торино каде што преговара со челниците на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…