Дома Фудбал Виљареал на чекор до „чудо“, два гола предност на полувреме🎥

Виљареал на чекор до „чудо“, два гола предност на полувреме🎥

Виљареал приредува големо изненадување и после само 40 минути ја анулира предноста на Ливерпул од првиот меч и води со 2:0.

Иако „црвените“ важат за големи фаворити, особено после првиот меч, сепак Виљареал на одличен меч го започна мечот и после 3 минути дојде до предност со голот на Диа.

Ливерпул во текот на целото првото полувреме не личи на себе, ја нема својата препознатлива игра, а Виљареал доминира во сите сегменти.

Во 40-та минута Капу центрираше, а највисок во скокот беше Кокелан, кој погоди за 2:0 и најави вистинска драма во второто полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тешко повреден водачот на албанските навивачи: Погоден во око, го чека нова операција

Ерјон Вишкули, кој ја предводи групата „Тифозат Куќ е Зи“, е хоспитализиран по протестите …