Дома Топ вести Витсел потврди: Ќе играм во Јувентус!

Витсел потврди: Ќе играм во Јувентус!


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Белгискиот репрезентативец и член на Зенит, Аксел Витсел јавно потврди дека негов следен клуб ќе биде Јувентус, само останува да се дознае дали трансферот ќе се реализира во јануари или следното лето.

Витсел ова лето беше на чекор до трансфер во Јувентус, дури ги помина и медицинските прегледи, но Зенит во последен момент се предомисли и го стопира трансферот.

Меѓутоа, договорот на Белгиецот истекува на крајот на сезоната и тој во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со неговиот следен клуб.

„Дефинитивно мојот следен клуб ќе биде Јувентус, само останува да видиме дали трансферот ќе се случи во јануари или јуни. Моментално сум фокусиран само на натпреварите со Зенит, но мојот трансфер во Јуве е веќе договорен“, потврди Витсел.

„Старата дама“ ќе се обиде со понуда од 5 милиони евра да го убеди Зенит да го пушти фудбалерот во јануари, но многу поверојатно е дека трансферот ќе се реализира следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мурињо го враќа Икарди во Серија А

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Мауро Икарди има одлична сезона во Галатсарај, но о…