Дома Фудбал Винисиус си поигра со Кореа како со мало дете 🎥

Винисиус си поигра со Кореа како со мало дете 🎥

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера на свој терен го победија Атлетико со 2:0.

„Кралевите“ во последно време играат навистина во одлична форма, а тоа го покажаа и во вчерашното градско дерби. Еден од најдобрите на теренот вчера кај Реал беше Винисиус Жуниор кој запиша две асистенции, во првото полувреме за Бензема и во второто за Асенсио.

Покрај асистенции Винисиус на неколку моменти уште еднаш докажуваше дека е фантастичен дриблер. Една од неговите жртви беше Анхел Кореа. Играчот на Атлетико се обиде да ја одземе топката од Винисиус, а Бразилецот со одличен дриблинг го исфрли од рамнотежа и Кореа заврши на подот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пројковска на европска задача: во Лондон ќе го води дуелот Арсенал – Бенфика

Ивана Пројковска е назначена за главна судијка на средбата од третото коло во женската Лиг…