Дома Фудбал Винисиус не запира: Со својот настап уште еднаш ги воодушеви навивачите на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Винисиус не запира: Со својот настап уште еднаш ги воодушеви навивачите на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид вчеравечер стигнаа до четвртата победа во низа во шпанската Примера.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во натпреварот од 22 коло од шпанското првенство, Реал Мадрид славеше против Депортиво Алавес со 3:0. Победата на „кралевите“ ја обезбедија Карим Бензема (30), Винисиус Жуниор (80) и Маријано Диаз (90).

Посебно добар натпревар одигра 18 годишниот Винисиус Жуниор кој неодамна се појави на големата сцена, а веќе се истакнува како еден од најдобрите играчи на Реал. На овој натпревар Винисиус имаше низа брилијантни и атрактивни потези со што одново ги воодушеви навивачите.

Винисиус доби пофалби и од тренерот Сантијаго Солари.

„Одигра одличен натпревар и беше награден со силен аплауз. Воодушевени сме од неговите настапи. Во соблекувалната секогаш има поддршка од поикусните играчи. Тие се грижат за него и го советуваат“, изјави Солари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен ден на „Олд Трафорд“: Детето на Јунајтед потпиша до 2031!

Талентираниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Коби Мајну (21), ја продолжи соработка…