Во вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Алмерија видовме три спорни моменти каде што се вклучуваше ВАР, Реал на крајот со пресврт го доби натпреварот 3:2.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Еден од тие контроверзни моменти беше голот на Винисиус Жуниор за израмнување на 2:2. Голот во прв момент се поништи поради играње со рака, меѓутоа откако судијата ја прегледа снимката се одлучи дека немало играње со рака.
Коментарите дека голот е нерегуларен секако стигнаа и до Винисиус кој одлучи да одговори порачувајќи дека се било чисто.
„Голчиште!! Како на плажите на Копакабана“, порача Бразилецот со што уште повеќе го навлече бесот на оние кои што сметаат дека голот требало да биде поништен.
🗣️ AUDIO REVISIÓN VAR
— RFEF (@rfef) January 21, 2024
🗓️ Jornada 21 | Primera División
⚽️ @realmadrid 🆚 @U_D_Almeria | 67'#ArbitrajeRFEF | @CTARFEF pic.twitter.com/N0qzo3Y0O2