Бразилецот Вилијан ја игра последната сезона во Челзи и ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ како слободен агент.
Вилијан има неколку опции на маса, а истакна дека сака да ја продолжи кариерата во Европа и да игра уште неколку сезони на високо ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имам планови да останам во Европа и да се обидам да играм тука можеби за уште три или четири сезони. Верувам дека се уште можам да настапам на високо ниво. Потоа, кога ќе наполнам 35, 36 години, планирам да одам во САД и да играм таму. Ова е цел што ја имам. Не исклучувам да се вратам во Бразил, тоа е мојата земја и мојата култура. Но, враќањето во Бразил не би било мојот прв избор ако ја напуштам Европа. Сакам да играм во САД и заради моето семејство би било добро да живеам таму“, изјави Вилијан.
Бразилецот има понуди од неколку европски клубови, а може да остане во Премиер лигата бидејќи интерес за него покажуваат Арсенал и Тотенхем.