Бразилецот Вилијан се уште не донел одлука дали ќе остане во Челзи или ќе ја промени средината.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Челзи на Вилијан му нуди нов договор, но тој има понуди од Арсенал и Тотенхем.
„Челзи ми понуди договор на две години, но им кажав дека сакам на три. Ситуацијата поради тоа е тешка. Не знам дали ќе останам. Целта ми е да продолжам да бидам сконцентриран за клубот да продолжи да победува“, јасен беше Бразилецт.
Сепак, мисли дека е поблиску до заминување.
„Тешко да останам, но ќе видиме што ќе се случи“, додаде 32 годишниот фудбалер.
Челзи не сака да му даде подолг договор поради неговите години.