Дома Фудбал Италија Видете како Неапол го дочека ’предавникот’ Игуаин!

Видете како Неапол го дочека ’предавникот’ Игуаин!

Синоќа Гонзало Игуаин за прв пат се врати на „Сан Паоло“ како играч на Јувентус и доби „топол“ пречек од публиката во Неапол.

Имено, Наполитанците на уникатен начин му покажаа што мисат на својот некогашен миленик и го споредија со бројот 71, што за нив значи „гомно од човек“.

На една од трибините стоеше парола на која пишуваше: „За нас беше број 1 сега си само 71”.

Според националната лотарија во Италија, секој број од 1 до 90 имаа свое значење, а всушност бројката 71 го има значењето „гомно од човек“.

Притоа аргентинскиот напаѓач постигна точно 71 погодок за време на трите сезони кои ги мина како член на Наполи, па така во 71-та минута од средбата од целиот стадион се слушаа жестоки свирежи и погрдни зборови за Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Николов дел од историската победа над Реал, ПСЖ го доби дербито со Сити🎥

Шериф Тираспол на Бобан Николов го приреди најголемото изненадување во поновата историја н…