Дома Фудбал Видете го потегот на Де Роси за кој зборува цела Италија (видео)

Видете го потегот на Де Роси за кој зборува цела Италија (видео)

Тимот на Рома синоќа потешко од очекувањата ја победи Болоња (2:1) и освои важни три бода во битката за Топ 4 во Серија А.

Освен головите, овој натпрвар го одбележа и еден гест на капитенот Даниеле де Роси, кој го обиколи светот.

Капитенот на „Волчицата“, Даниеле Де Роси натпреварот го започна од клупата за резерви, а во игра влезе кон средината на вториот дел. Тогаш, Алесандро Флоренци му ја дофрли капитенската лента за да го одигра натпреварот како капитен, но искусниот фудбалер изненади со неговата постапка.

Де Роси само луто одмавна со ракта и ја врати лентата на својот соиграч. Поради овој потег доби бројни пофалби на социјалните мрежи, но и аплауз од трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол за 13 секунди и 31 победа во низа: Звезда не запира во Купот!

Црвена звезда го совлада Единство од Уб со 5:1, а Мирко Иваниќ го постигна најбрзиот гол в…