Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Јанг Бојс го елиминира Динамо, Адеми остана без ЛШ

Видео: Јанг Бојс го елиминира Динамо, Адеми остана без ЛШ

Јанг Бојс со два гола во две минути го елиминира Динамо Загреб од Лигата на шампиони. Без ЛШ остана и Бобан Николов со Мол Види, Ајакс одработи рутински.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми кој е капитен на Динамо Загреб, поради повреда го напушти мечот уште во 32 минута. Мечот започна добро за хрватскиот тим кој поведе уште во седмата минута со гол на Хајровиќ.

Тој резултат беше актуелен до 64 минута, кога Оро од пенал израмни на 1-1, а само две минути подоцна истиот играч донесе предност за швајцарскиот тим од 1-2 за шок на „Максимир“.

Видеотон (Мол Види) беше во полоша ситуација откако го загуби првиот натпревар на домашен терен со 2:1, а Николов беше стартер и одигра едно полувреме во кое заработи жолт картон. Тој и неговите соиграчи стигнаа до резултат 1:1 во Атина, па тоа не беше доволно за елиминација на АЕК кој влезе во ЛШ.

Ајакс ја задржа предноста од првиот меч, кој вечерва одигра 0-0 на гостувањето кај Динамо Киев што беше доволно за пласман во групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Левандовски може да направи спектакуларен трансфер во Премиер лигата!

Поранешниот англиски репрезентативец Петер Крауч го советуваше својот некогашен клуб да го…