Дома Топ вести Видео: Човекот кој требаше да биде „тајно оружје“ потфрли, „Марка“ јасна: ТОЈ е виновникот!

Видео: Човекот кој требаше да биде „тајно оружје“ потфрли, „Марка“ јасна: ТОЈ е виновникот!

Само неколку часа по завршувањето на денешното „Ел Класико“ шпанска „Марка“ која е весник наклонет на Реал Мадрид го посочи главниот виновник.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според „Марка“ човекот кој требаше да биде „тајното оружје“ и оној кој нема да му даде да диши на Лионел Меси, Матео Ковачиќ е причината за поразот на Реал Мадрид.

Хрватскиот репрезентативец, благо кажано немаше свој ден. Ковачиќ доби предност во однос на Иско во стартниот тим, јасно е и зошто. Французинот очекуваше тој да биде човекот кој ќе ги запира нападите на Барселона и ќе го чува Лионел Меси. Но, Хрватот целосно потфрли, изгуби многу топки, а со очајничка реакција беше главниот виновник за првиот погодок кој на Каталонците кој веројатно беше одлучувачки момент.

„И го отвори патот на Барселона до голот. Навистина не е јасно кого го чуваше Ковачиќ додека Ракитиќ ја водеше топката кон шеснаесетникот. Како тоа да не му беше доволно, па остана без реакција кога Роберто го проигра Суарез“, пишува „Марка“.

Зидан целосно изгубениот Ковачиќ од игра го извади во 72 минута, а реакцијата на Матео на клупата за резерви јасно покажува дека ова не беше негов ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Во Мадрид никогаш нема да му го простат ова: Еве што направи Јамал за време на големата прослава на Барса

Ламине Јамал повторно успеа да предизвика врева во Шпанија, овојпат за време на големото с…