Дома Фудбал ВИДЕО: Тренерот на Јувентус дивееше на Сан Сиро. Помошниците мораше да го смируваат

ВИДЕО: Тренерот на Јувентус дивееше на Сан Сиро. Помошниците мораше да го смируваат

Јувентус победи против Милан со 1:0 во деветтото коло од Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан во 40. минута остана со играч помалку откако Малик Тиау како последен играч во одбраната го собори Мојс Кин.

Бројчаната предност гостите ја искористија со среќниот гол на Мануел Локатели, кој погоди во 63. минута. Топката во блокот се одби од Круниќ и го измами голманот Андреа Миранте.

Со оваа победа Јувентус заостанува два бода зад лидерот Интер и еден зад Милан кој го држи второто место.

Во последните моменти од играта, тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри дивееше по аут-линијата. Алегри не беше задоволен од судењето на судијата Маријани, но и од некои потези на неговите играчи. Доби жолт картон, а помошниците мораше да го смируваат.

Видеото погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иранската репрезентација остави емоционална порака во соблекувалната во Лос Анџелес

ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Иран се збогува со Лос Анџелес со рачно напишана порака, во …