Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Солскјер даваше автограм, а тој му постави незгодно прашање

ВИДЕО: Солскјер даваше автограм, а тој му постави незгодно прашање

Манчестер Јунајтед вчера уште еднаш ги разочара своите навивачи со поразот во гости против Вест Хем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вест Хем без поголеми проблеми запиша победа против „Црвените ѓаволи“ и така му нанесе уште еден тежок удар на клубот од „Олд Трафорд“. Јунајтед ниту оваа сезона не делува дека може да се врати на врвот што вчера најдобро се виде на теренот.

Солскјер сигурно не може да биде задоволен од претставата на своите играчи, а се повеќе и повеќе норвешкиот стратег е на удар од јавноста која очекува негов отказ доколку Јунајтед продолжи со вакви натпревари.

Навивачите веќе зборуваат за отказ на Солскјер, а тоа вчера најдобро се виде по натпреварот. Имено, Норвежанецот даваше автограми на навивачите пред стаадионот, а еден од нив го праша дали очекува утре да добие отказ.

Солскјер не имаше одговор на ова прашање и само се сврте и замина кон автобусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѓоковиќ има фаворит, еве за која репрезентација мисли дека ќе го освои Мундијалот!

Новак Ѓоковиќ прогнозираше дека Португалија ќе го освои Светското првенство кое се одржува…