Дома Фудбал Видео: Роналдо ја приближи Португалија до осминафиналето!

Видео: Роналдо ја приближи Португалија до осминафиналето!

Репрезентацијата на Португалија дојде до првата победа на Мундијалот откако го совлада Мароко, а херој беше Кристиано Роналдо.

Португалија одлично го отвори мечот со Мароко и поведе уште во 4-та минута со голот на Кристиано Роналдо, негов четврт на Светското првенство.

Потоа следеше период на доминација на Мароко, а Португалците спорадично се закануваа преку контра напади.

Во второто полувреме Мароко нападна со сите сили и ја имаше иницијативата се до самиот крај, но Португалците успеаа да се одбранат и да освојат големи три бода.

Мароко со два порази ги загуби шансите за пласман во следната фаза, додека Португалија со 4 освоени бода е на чекор од осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…