Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Потресна исповед на Лоран Кошчиелни – ми се гадеше, сакав да бидат елиминирани..

ВИДЕО: Потресна исповед на Лоран Кошчиелни – ми се гадеше, сакав да бидат елиминирани..

Лоран Кошчиелни доживеа тешка повреда пред Светското првенство на кое Франција стигна до титулата, па го пропушти големиот турнир на кој требаше да биде помеѓу патниците во Русија.

Повредата на Ахиловата тетива во натпреварот од Лигата Европа, помеѓу неговиот Арсенал и Атлетико Мадрид го одвои од теренот, но неговата клупска кариера не е завршена, за разлика од репрезентативната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во големата исповед за „Канал+“, Кошчиелни даде неколку навистина шокантни изјави. Зборуваше за тоа како селекторот Дешамп само еднаш го побарал, како соиграчите од репрезентацијата го заборавиле, но и како на самото Светското првенство навивал „Триколорите“ да бидат елиминирани.

„Победата на Франција на Светското првенство повеќе ме уби отколку самата повреда. Тој Мундијал ќе остане црна дамка на мојата кариера…Тешко е да се прифати повредата, а уште потешко што поради неа морав да го пропуштам СП. Ја имам таа некоја себична страна и си зборувам себе си дека би можев да бидам дел од таа авантура и да ја освојам светскта титула. Таа мисла ќе биде дел од мене до крајот на мојот живот. Тоа е тешко да се разбере и никој не може да ме разбере, затоа што не е на мое место“.

„Бев среќен поради моите соиграчи, но во исто време и се ми се гадеше. Не можеш да се чуствуваш како светски шампион, како останатите 60 милиони Французи…Чудно чуство ме следеше за време на турнирот. Од една страна сакав да стигнат што подалеку, а од друга да изгубат и да испаднат. Така се чуствував во тие моменти“…

Колку повредата и пропуштањето на Светското првенство тешко му паднаа на Кошчиелни зборува и тоа што при зборувањето заплака.

„Беше тоа моја прва тешка повреда. Ментално стануваш посилен, учиш многу за фудбалот и животот. Работев секој ден во Сент. Рафаел, го ставив семејството на страна…Така оди тоа во животот, во текот на рехабилитацијата бев себичен. Мислев само на себе, воопшто не водев грижа за семејството…’, открива Кошчиелни.

Лоран Кошчиелни до својата 33-та година собра 51 настап за репрезентацијата на Франција и беше дел од две европски првенства и еден Мундијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…