Дома Видео Видео: Погледнете ја катастрофалната грешка на бразилската одбрана која на Аргентина и донесе титула

Видео: Погледнете ја катастрофалната грешка на бразилската одбрана која на Аргентина и донесе титула

Аргентина синоќа на Маракана го победи Бразил со 1:0 во финалето на Копа Америка и за прва пат после 1993. година го освои пехарот за најдобра репрезентација во Јужна Америка.

Аргентинците сега на листата на најуспешни јужноамерикански репрезентации се изедначија со Уругвај со 15 титули додека Бразил остана на девет наслови.

Во не премногу квалитетен натпревар, единствениот погодок пред 7800 навивачи на култниот стадион го постигна Ди МАрија во 21. минута. Веројатно немаше да го видиме и тој гол доколку не беше катастрофалната реакција на одбраната на Бразил.

Родриго де Паул одигра долга топка кон Ди Марија. Бразилскиот лев бек Ренан Лоди беше прв на неа, но ја промаши цела топка. Ди Марија тоа го искористи и тргна кон голот на Едерсон и потоа со прекрасен лоб удар ја смести топката во мрежата и со тоа подоцна и донесе титулата на својата репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Челзи почна преговори со Жоржињо, тој сака да се врати во Италија

Фудбалерот на Челзи, Жоржињо би можел да го напушти клубот и пред завршување на договорот …