Атлетико и Реал Мадрид одиграа 1:1 во хаотичното дерби од 8. коло на Ла Лига по прекин на натпреварот на околу 15 минути.
Реал поведе во 65. минута со голот на Милитао, а погодокот посебно го прослави Тибо Куртоа кој гестикулираше до домашните навивачи. Најжестоките почнаа да фрлаат кон него запалки, шишиња и сендвичи, по што судијата го прекина натпреварот.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Фудбалерите и тренерот на Атлетико разговараа со навивачите, од кои еден бил подготвен да истрча на теренот, но играчите го смириле. Иако навивачите престанаа да фрлаат предмети, судијата реши да ги испрати играчите во соблекувалната.
Паузата траеше околу 15 минути, по што играчите се вратија на теренот, а навивачите со громогласни свирежи го пречекаа Куртоа. Симеоне уште еднаш со рацете им гестикулираше да се смират и натпреварот продолжи.
Атлетико со сите сили се обидуваше да израмни и успеа во петтата од десет минути судиско продолжение.