Дома Фудбал Видео: Нејмар го постигна голот на сезоната, но сите зборуваат за реакцијата на голманот!

Видео: Нејмар го постигна голот на сезоната, но сите зборуваат за реакцијата на голманот!

Нејмар оваа сезона не е на нивото од претходните сезони, но и понатаму е стандарден во тимот на Каталонците кои во последното време играат одлично.

Барселона синоќа со „петарда“ ја испрати Селта од „Камп Ноу“, па иако сите голови беа убави на свој начин, еден се издвојува посебно.

Особено спектакуларен беше голот на Нејмар кој успеа да го лобова гостинскиот голман на исклучително мал простор, па ова сигурно ќе биде еден од најубавите голови сезонава во Примера.

Сепак, најголемо внимание на социјалните мрежи привлече потегот на голманот Алварез кој со поглед ја испрати топката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…