Дома Фудбал Репрезентации Видео кое го „запали“ интернетот: Аргентина со помош на „ЦРНА МАГИЈА“ обезбедила пласман на СП!? (ВИДЕО)

Видео кое го „запали“ интернетот: Аргентина со помош на „ЦРНА МАГИЈА“ обезбедила пласман на СП!? (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Аргентина се пласираше на Светското првенство во Русија благодарение на победата над Еквадор и хет-трикот на Лионел Меси.

Меѓутоа во медиумите неодамна се појави информација дека Аргентинците го обезбедиле Мундијалот благодарение на црна магија.

На интернет се појави видео од еден човек по име, Брухо Мануел, кој наводно пристигнал во таборот на „гаучосите“ по препорака на Хуан Себастијан Верон.

„Го направив она што беше потребно, бев десна рака на Аргентина“, изјави Мануел.

Шпекулациите говорат дека Брухо ги собрал сите дресови на едно место и „отпеал“ некаква молитва, како и дека направил духовна прошетка на стадионот.

Погледнете го видеото и проценете сами:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бајката на португалскиот второлигаш продолжи и во Европа – преживеа 24 удари кон својот гол!

Поразителен успех постигна португалскиот второлигаш Торенсе, кој во својата прва борба на …