Реал Мадрид по вчерашното реми обезбеди пласман во финалето од Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако Баерн е тимот кој остави подобар впечаток, сепак Реал е тимот кој ќе игра Киев каде што ќе се обиде да стигне третиот трофеј во низа во најелитното европско натпреварување.
Голема прашина во медиумите крена моментот од финишот на првото полувреме кога при едно нафрлување топката во рака го погоди Марсело, но Чакир и неговите помошници не се огласи.
Играњето со рака на Марсело за многумина беше очигледно, а по натпреварот и самиот Марсело потврди дека во таа ситуација имало пенал.
Интересно што од видеото кое се појави на интернет јасно се гледа дека Чакир и неговите помошници во моментот кога топката го погодува Марсело во рака гледаат токму во него.