Денес со почеток во 15:00 часот во италијанската Серија А се одиграа пет натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер по поразот од Удинезе им приреди ново непријатно изненадување на своите навивачи, овој пат „нероаѕурите“ беа поразени од Сасуоло со 1:0.
Сасуоло до предност стигна во 34 минута кога Политано нафрли, а неговиот центаршут го искористи, Фалсинели. Интер создаваше шанси, но реализација немаше. На стартот од вториот дел гостите од Милано ја пропуштија и најголемата шанса да стигнат до погодок, Мауро Икарди не реализираше пенал. На крајот погодокот од првото полувреме на домаќините се покажа како одлучувачки.
Наполи и славеше со 3:2 против Сампдорија во натпревар во кој видовме две различни полувремиња. Гастон Рамирез со фантастичен погодок ја доведе Сампдорија во водство, Алан во 16 минута израмни на 1:1. Десетина минути подоцна, Фабио Кваљарела погоди за ново водство на Сампдорија, а до крајот на првиот дел Инсиње и Хамшик погодуваа за пресврт и победа на домаќинот.
Во останатите натпревари, Беневенто загуби со гол во последната минута од Џенова со 1:0, СПАЛ и Торино одиграа 2:2, додека Удинезе ја декласираше Верона со 4:0.